Оттука, АБИТ е на мислење, дека со ова се става еден нов поредок во определувањето на вистински професионалци кои можат и имаат соодветни квалификации да предаваат пред македонскиот банкарски работник и пошироко. Имено, на овој начин се уредува се она што до сега не било уредено. Практично, за прв пат кај нас, се стандардизира постапката на избор на предвачи – (банкарски тренери) и тоа пореку високо тело „Академски совет“ кој е сочинет од Универзитетски професори и долгогодишни банкарски менаџери. За таа цел, академијата веќе обезбеди соодветни кандидатури за предавачи, од повеќе извори, како што се: НБРМ, УКИМ, членките на Европската асоцијација за банкарски тренинг од Брисел EBTN, истакнати банкарски специјалисти од банките кај нас и регионот.
Во контекст на тоа, се подвлекува една од претходно дефинираните цели на АБИТ:
ДА СОЗДАВАМЕ БРЕНДИРАНИ МАКЕДОНСКИ ПРЕДВАЧИ ПРЕКУ МЕХАНИЗМИТЕ НА МАРКЕТИНГОТ, СО ЦЕЛ – ДА БИДАТ ПЛАСИРАНИ НА РЕГИОНАЛНИТЕ ПАЗАРИ.
„НИЕ НЕ СМЕ НИШТО ПОМАЛКУ НА БАЛКАНОТ!“