Општи податоци
05 | Февруари | 2016
НБРМ, (конгресна сала 9-ти кат)
Времетраење: 10:00 – 13:00 часот
Рок за пријавување: 03 Февруари, 2016
Целна група
Млади банкари, приправници, студенти на економските и правните
факултети, дипломци, специјализанти, магистранти, истражувачи,
индивидуални инвеститори, претставници на трговски друштва, новинари, и сите оние кои што професионално или лично се
заинтересирани да се запознаат со основите и принципите на
работа на Генералниот директор за управување со ризици и Член
на УО на една од најголемите банки во РМ – Стопанска банка АД
Скопје како и со основниот пристап во управувањето со ризиците
во комерцијалнто банкарство.
Содржина
МОДУЛ 1:
Концептот на ризикот и управувањето со ризиците во банките
- Концептот на ризикот кај банките
- Потреба за постојано прилагодување, “никогаш завршена приказна”
- Управувањето со ризиците како мултидимензионален процес и
нераскинлив дел од вкупното управување со банките
- Основни елементи на системот за ефикасно управување со
ризиците
- Адекватна организација на системот за управување со ризици и
институционализација на култура на пристап спрема нив
МОДУЛ 2:
Структура и организација на функцијата за управување со ризици на
Стопанска банка АД Скопје
МОДУЛ 3:
Патот од приправник банкарски супервизор до Генерален директор за управување со ризици и Член на Управниот одбор на банката со
најдолга традиција во Република Македонија – лични и професионални
Потврдување и јазик:
На крајот, секој слушател добива потврда за учество на обуката.
Обуката се изведува на македонски јазик.
Напомена:
Секој партиципиент кој редоследно ќе земе учество на сите 4 модули
(септември, 2015 – јануари, 2016 година) на крајот на сесијата, во
февруари 2016 година, ќе полага семинарски испит, во кој, ќе се опфатат сите претходни теми од четирите модули. Со тоа, кандидатите кои успешно ќе го положат тестирањето, ќе се стекнат со специјалистички сертификат под менторство на EBTN – Brussels и ќе ги зголемат своите можности за влез во банкарската индустрија.
|
Апликација:
Ве молиме, пријавата да се пополни и испрати на следниов e-mail:
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Контакт инфо:
Сања Ивановска +389 72 255 057
Предавачи:
М-р Тони Стојановски
Генерален директор за управување со
ризици и Член на УО на Стопанска банка
АД Скопје
РОДЕН:
Јули 26, 1972
ОБРАЗОВАНИЕ:
Економски Факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје
Магистер по економски науки од областа на монетарната економија Економски Факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје
СЕГАШНО РАБОТНО МЕСТО:
Генерален Директор за управување со ризици и член на Управен Одбор - Стопанска банка АД - Скопје
РАБОТНО ИСКУСТВО:
По дипломирањето на Економскиот факултет во Скопје во 1996 година кариерата ја започнува како помлад супервизор во Дирекцијата за супервизија во Народна банка на Република Македонија и успешно чекори по хиерархиската скала во централната банка, во годините во кои се воспоставува и гради банкарската супервизија во Република Македонија соочувајќи се со бројни предизвици наметнати од потребата да се воведат
меѓународните стандарди во супервизијата и банкарскиот систем.
• Во 2001 година е назначен за раководител на отсекот за вонтеренска супервизија во рамки на Дирекцијата за супервизија,
• Во 2002 година е назначен за советник на гувернерот на НБРМ,
• Во 2004 година заменик директор на Дирекцијата за супервизија,
• Во 2007 година директор на Дирекцијата за вонтеренска супервизија и лиценцирање
• Во јуни 2009 година е назначен за Генерален директор на Секторот за супервизија, банкарска регулатива и финансиска стабилност.
• Зема активно учество и раководи со бројни проекти како од областа на банкарската супервизија, така и пошироко од делокругот на задачите на НБРМ
• Од 2006 до 2009 година, врз основа на предлог на гувернерот на НБРМ и одлука на министерот за финансии, тој е член на Советот за унапредување и надзор на ревизијата во Република Македонија, чие формирање беше следено со големиот предизвик за воспоставување на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија.
ПРОФЕСИОНАЛНИ И ОСТАНАТИ АКТИВНОСТИ:
Март 2014 - Претседател на Надзорен одбор на Стопанска комора на Македонија
- Член на Академскиот совет на Академијата за банкарство и информатичка технологија - Скопје
СЕМИНАРИ И ОБУКИ:
Повеќе од 30 семинари и обуки надвор од земјата во организација на ММФ, Светска банка, Базелскиот Комитет за банкарска супервизија, Институтот за финансиска стабилност од Базел, како и централните банки на САД, Германија, Холандија, Швајцарија Англија, Италија, Грција, Полска Словенија, Австрија, Чешка и Унгарија, на теми поврзани со банките и банкарската суперивизија, ризиците во банкарското работење, менаџмент, сметководствени стандарди итн.
|