Општи податоци
22 | Јуни | 2016
Локација: НБРМ, (Конгресна сала 9-ти кат)
Времетраење: 10:00 – 13:00 часот
Рок за пријавување: 21 Јуни 2016
Цели
Запознавање на младите и потенцијални идни банкари, студенти, новинари, истражувачи и останати заинтересенти со практичните аспекти на работа на Секторот за операции на финансиски пазари и платни системи во рамки на Народната Банка на Република Македонија и напредно елаборирање на функциите на Секторот со осврт на процесот на управување и инвестирање на девизните резерви, спроведувањето на монетарната политика ипоставеноста на монетарните инструменти, пазарната инфраструктура и
развојот на домашните финансиски пазари, улогата на Народната банка во платните системи, како и управувањето со финансиите низ призмата на една централната банка. Понатаму, слушателите ќе имаат единствена прилика одблиску да се запознаат со начинот на водење на монетарната политика во праксата со фокус на предизвиците во првата половина на 2016 година.
Целна група
Млади банкари, приправници, студенти на економските и правните
факултети, дипломци, специјализанти, магистранти, докторанти,
истражувачи, индивидуални инвеститори, претставници на трговски
друштва, новинари, и сите оние кои што професионално или лично се
заинтересирани да се запознаат со основите и принципите на работа на Секторот за операции на финансиски пазари и платни системи при НБРМ и надлежниот вицегувернер и да стекнат практични знаења за начинот на водење на монетарната политика во Република Македонија.
Содржина
МОДУЛ 1: Сектор за операции на финансиски пазари и платни системи при НБРМ – организација, надлежности, функции
МОДУЛ 2: Спроведување на монетарната политика со посебен фокус на предизвиците во првата половина на 2016 година
Потврдување и јазик:
На крајот, секој слушател добива сертификат за учество на обуката.
Обуката се изведува на македонски јазик.
|
Апликација:
Ве молиме, пријавата да се пополни и испрати на следниов e-mail:
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Контакт инфо:
Тања Тренески: +389 2 312 55 00, +389 78 454 905
Предавачи:
М-р Маја Кадиевска Војновиќ
Вицегувернер на НБРМ
М-р Маја Кадиевска-Војновиќ ја започна својата кариера во Народната банка на Република Македонија. Во своето четиринаесетгодишно работно искуство, девет години беше дел од Дирекцијата за монетарна политика и истражувања. Својата кариера ја започна како помлад истражувач, а потоа беше унапредена во советник-аналитичар, главно инволвирана во
областа на монетарната, но и на фискалната политика. Учествуваше во процесот на подготовката на проекциите на БДП, инфлацијата и билансот на плаќања, активно учествуваше во креирањето на насоките за поставеноста на монетарната политика, изработката на редовните извештаи на НБРМ и во дискусиите со ММФ и агенциите за кредитниот рејтинг. Нејзината кариера е богата со разни научно-истражувачки проекти
во областа на фискалната политика, макроекономските трендови поврзани со секторот „население“, инвестициската активност во РМ, анализата на надворешната позиција на економијата, надворешната солвентност и адекватноста на девизните резерви на РМ. Г-ѓа Кадиевска Војновиќ има учествувано како панелист и презентер на бројни меѓународни и домашни научни и стручни конференции, работилници, симпозиуми и семинари, организирани од релевантни меѓународни организации, централни банки, меѓународни финансиски институции и
други стручни организации. Во моментов, ја извршува функцијата вицегувернер на Народната банка на Република Македонија (НБРМ), одговорна за Секторот за операции на финансиски пазари и платни системи и е извршен член на Советот на НБРМ. Исто така, таа е претседател на Комитетот за инвестирање на девизните резерви и претседател на Комитетот за управување со активата и пасивата на НБРМ. Во 2011 година, беше претседател на Комисијата за решавање по жалби од областа на пазарот на хартии од вредност и гостин-предавач по макроекономија на еден приватен факултет во Скопје. Поседува диплома МБА од Универзитетот Шефилд.
|